Teстенини со стек и печурки
Состојки:
– 400 г тестенини по избор, 1 тиквичка, 1 парче пилешки стек, 200 г свежи печурки, 1 зденка, 150 мл павлака за готвење, путер, маслиново масло, пармезан, сол и црн пипер
Приготвување:
Ставете ги во еден сад со поголема количина посолена вода, макароните да се варат. Кога ќе бидат сварени ал денте, тргнете го садот на страна и исцедете ги од водата. Тиквичката излупете ја и исечкајте ја на ленти. Во друг сад ставете ги путерот и маслиновото масло да се загреат. Додајте ги тиквичката и белото месо исечкано на коцки. Пржете додека омекнат. Потоа додајте ги печурките и продолжете со пржете додека исчезне водата. Зачинете по вкус со сол и црн пипер. Додајте ја зденката, па промешајте да се соедини смесата. Во ова додајте ги макароните и мешајте на средна температра додека се соединат состојките. Посолете по потреба, па додајте ја течната павлака. Оставете да зоврие, па на крај додајте пармезан и послужете.