Тајни трикови за убава шминка
Не мора да бидете професионалец за да постигнете беспрекорен изглед со шминката. Еве неколку трикови кои можеби звучат чудно, кога ќе ги прочитате, но се докажале како навистина успешн
– Пред да нанесете маскара, ако користите виткач за трепки, малку загрејте го. Така ќе добиете поизразен ефект.
– Поставете пластична лажица додека нанесувате маскара, за да не ги замачкате очните капаци. На овој начин ќе можете да нанесете и подебел слој маскара,а трепките ќе бидат погусти.
– Кога нанесувате туш за очи или шминка на долниот дел од очниот капак, може да ви помогне парче селотејп со кој прецизно ќе ја ограничите површината на која нанесувате шминка.
– Усните најдобро ќе ги подготвите ако пред нанесувањето кармин ги истриете со мека четкичка за заби, а можете да направите и своја паста за пилинг, така што ќе измешате малку кокосово масло и шеќер.
– Иако многу жени на долниот раб од капакот нанесуваат црно моливче за очи, малку која знае дека употребата на бело моливче прави илузија на големи очи.
– Ако се случило да се воодушевите од некоја нијанса сенка за очи, а таа сепак да испадне поинаква кога ќе ја нанесете на очите, постои мал трик со кој можете да го решите овој проблем – едноставно нанесете бело моливче на целата површина од капакот.