• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Откриена е тајната на среќните бракови

by РиД 10/01/2011 0 Comment
 Откриена е тајната на среќните бракови

Долготрајниот брак не значи секогаш дека е среќен, а не ретко многу парови остануваат заедно само поради парите, верските убедувања или децата. Но, за среќен брак потребно е сепак нешто малку повеќе – цврста, стабилна и задоволителна врска меѓу двајца. Нештата кои овозможуваат бракот да потрае, тесно се поврзани со комуникацијата, поддршката и менталното здравје, а токму тоа го тврди Артур Арон, професор по психологија на универзитет во Њујорк. Но, ни постоењето на сите три елементи не гарантира успешен брак, доколку тој не е значаен и важен за двајцата партнери, и не им ја обезбедува потребната поддршка.

Според тоа, најдобрите бракови се токму тое кои му носат задоволство на секој партнер. На пример со векови на бракот се гледало како на економска и општествена институција, додека интелектуалните потреби на поединците биле занемарени. Но, денес луѓето се во потрага по партнери и љубовници со кои ќе можат да остварат долготраен и квалитетен однос во кој ќе бидат покриени сите потреби.

Докторите Арон и Гари В. Левандовски по спроведеното истражување откриле дека лицата кои имаат прилика да научат нови вештини и знаења за време на трањето на среќна врска, на тој начин се развиваат како поединци. Досегашните истражувања покажале дека развивањето за време на врската овозможува и поголемо задоволство и блискост на партнерите.

Доктор Левандовски тврди дека секој поединец може со едноставни прашања да испита колку навистина се развива покрај својот партнер и на тој начин да добие јасна слика за бракот. Некои од важните прашања се: „Колку врската со партнерот ве натера на учење и осознавање на нови нешта? Колку запознавањето на партнерот ве направи подобра личност?

Имено поединци кои имаат прилика да учат од партнерот, се мотивираат за саморазвивање и дознававаат нови вештини, ги поставуваат своите партнери на многу важна, речиси незаменлива позиција.

Со тоа е објаснето позитивното дејство на патувањата со партнерот, кога и двајцата имаат можност да доживеат нови искуства кои се одлична прилика за саморазвивање. Но, поединци можат да учат и стекнуваат нови искуства со помош на своите партнери и преку запознавањето пријатели, водење интересни разговори, прераскажување доживувања или одење во нов ресторан.

Почетната среќа во бракот по некое време лесно спласнува и исчезнува. Според зборовите на научниците, често се случува една личност едноставно да го прерасне бракот и партнерот повеќе да не и одговара на емотивно, ментално и сексуално ниво. Поради тоа, според зборовите на научниците, потрудете се да растете, да се развивате и учите нови нешта во склад со својот партнер и така обезбедете си долг и среќен брак.

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 402

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: brak sreken vrska zaedno zivot брк врска живот заедно среќа
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved