Шварци сака 20 годишни „мачки“
– Сметам дека не морам премногу да се трудам околу Марија, бидејќи и така на крајот се ќе заврши добро. А доколку сепак се разделиме, нема потреба од тага. Ќе си најдам некоја 20-годишна „мачка“ и ќе уживам со неа, му се доверил Арнолд на еден свој пријател додека скандалот за неговата прељуба беше главна вест.
Шварценегер бил шокиран што Мариа едноставно не можела да му прости и заборави дека ја измамил. Кога таа побарала развод, познатиот актер сметал дека таа „од мравка прави слон“.