Страшни и чудесни соништа
Многу мајки тврдат дека соништата кои ги сонувале во бременоста биле како да гледаат некој необичен филм, во многу живи бои. Вашиот мозок во овој период процесира многу промени и ззатоа подгответе се за една необична авантура. Соништата во тек на бременоста се како да гледате необичен и многу реалистичен филм, па знаат да ги исплашат трудниците, бидејќи до тогаш им се немаат случувано. Најчесто сонуваат животни кои зборуваат, сообраќајни незгоди, секс со соседот… Според научниците комбинацијата од хормони и нарушеното спиење се причината да поминете поголем дел во светлата, сонувачка РЕМ фаза од сонот, отколку во длабоката фаза во која нема соништа. А честите будења, значат и дека полесно ќе ги запомните соништата.
Во првото тромесечие, визиите за младенчиња од животни и други мали суштества се најчести, најверојатно дека потсвесно знаете оти наскоро ве очекува грижа за едно мало и нежно суштество.
Еротските соништа за поранешни момчиња, филмски ѕвезди, дури и соседот, се чести бидејќи сте пред една голема животна промена која засекогаш ќе ги затвори вратите на минатото.
Во бременоста се чести и страшните соништа, како на пример раѓање бебе со аномалии, или го оставате некаде бебето. Овие слики се очекувани бидејќи потсвесно ве измачуваат мислите дали ќе родите здраво дете и дали ќе бидете добра мајка.
Ако се разбудите исплашени од сонот во кој се гледате како носите широко платно наместо фустан или крварите во јавност, можеби се чувствувате несигурни во врска со промените низ кои минува вашето тело.