• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Што никогаш не треба да го принудувате своето дете

by РиД 05/02/2012 0 Comment
 Што никогаш не треба да го принудувате своето дете

Веројатно не постои родител кој не верувал дека ќе да биде фер, секогаш ќе донесува правилни одлуки, ќе биде бескрајно трпелив, но истовремено ќе го воспитува своето дете доследно, решително, но со многу разбирање за потребите на своето најмило. Во идеалниот живот ова сценарио е можно. Во реалниот живот и родителите грешат, губат нерви, викаат, а понекогаш и носат погрешни одлуки. За малку да ви ја олесниме тешката родителска улога, ви даваме листа од работи на кои никогаш не смеете да го принудувате своето вашето дете.

Да јаде, ако не е гладно

Лекарите советуваат три големи оброци дневно и пет помали, но треба да се има на ум дека секое дете е различно. Впрочем, нашите тела нè предупредуваат кога треба да јадеме и кога да пиеме. Размислете, дали некогаш сте виделе дете кое нема гласно да ви стави до знаење ако е многу гладно. Веројатно не. Затоа, заклучокот е јасен.

Да биде нешто што не е

Ако вашето дете е срамежливо, таа негова особина треба да ја прифатите, но не се обидувајте да го смените. Не го терајте да се дружи со многу деца, ако тоа сака да си игра само со еден најдобар пријател. Истото важи и за екстровертирани и бучни деца. Понекогаш тешко е да се следат, но не го менувајте нивниот карактер.

Да се извини, ако не знаете што згрешило

Често ќе слушнете на игралиште родители како им наредуваат на своите деца да се извинат за ова или она. Децата ќе се извинат, но всушност не знаат што навистина згрешиле. Значи, прво што треба да направите е да им објасните што направиле погрешно.

Да му мафне на секој кој на улица ќе му се насмевне

Правилото “не зборува со непознати” треба да се применува за заштита на децата од оние кои немаат добри намери.

Да спие во одвоен кревет, ако не сака

Тука, секој родител има веќе оформено мислење, но оние кои се малку полиберални ќе се согласат дека децата не треба да се присилуваат на чекори за кои не се подготвени. Нека реши детето само кога е подготвено за одделување и спиење во сопствен кревет и соба.

Воведување диета, бидејќи е малку подебелко

Секако, постојат деца кои треба да ослабнат, но тоа не значи дека треба да им се воведе ригорозна исхрана. Едноставно мора да донесете вистинска одлука, додека сте во продавница или на пазар. Купувајте здрава храна, зеленчук и овошје, а не= безалкохолни пијалаци и слатки. Во овој случај диета нема да биде потребна.

Да го терате да прави нешто во кое не е добро

Не ве охрабруваме да одгледате дете кое лесно ќе се откажува, но ако вашето дете дури и по неколку месеци тренирање фудбал не ги совладало основните вештини, време е да се префрли на друга активност, која ќе ја избере. Да се занимаваш со нешто во кое си добар, е одлично искуство кое влијае на самодовербата.

Оставање да спие кај друг

Некои деца едноставно не сакаат да спијат кај пријатели. Тие сакаат кога мама наутро ќе им подготви појадок, сакаат позната соба и мирис. Ако вашето дете вели дека не би сакало да остане кај некој друг, не го оставајте, без разлика какви планови или обврски имате. Најважно е детето да се чувствува сигурно и безбедно.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 395

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca odgleduvanje vospituvanje воспитување деца одгледување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved