Спанаќ со печурки
Состојки:
– 2 лажици путер, 1 главица кромид, 200- 300 г свежи печурки, 300- 400 г бланширан спанаќ, ½ чаша млеко, 3- 4 парчиња леб, 3- 4 јајца, 3- 4 лажици рендан кашкавал по избор, сол и црн пипер
Приготвување:
Стопете го путерот во сад и додајте го сечканиот кромид да се пржи. По две минути додајте ги сечканите печурки и балншираниот спанаќ, па динстајте околу 3- 5 минути. Зачинете со сол и црн пипер. Огноотпорен сад подмачкајте го со малку путер, па наредете ги резанките леб. Над нив распоредете ја смесата со спанаќ и печурки. Над ова скршете ги јајцата и оставете ги цели. Турете го млекото, во садот околу јајцата. Посипете со редан пармезан и ставете да се пече во рерна на 200 степени 20 – 30 минути. Сервирајте веднаш. Оваа смеса е доволна за 2 лица.