Со или без чевлички?
Многу мајки се двоумат дали нивните дечиња додека учат да проодуваат треба да се боси или со чевлички? Дечињата треба што почесто да се оставаат боси да одат
Нивните прстиња им овозможуваат да одржуваат рамнотежа. Во чевлички детето побрзо се лизга и паѓа. Тоа е мислење на ортопедите. Според нив децата ефективно ги користат своите стапала и добиваат стабилен од, кога се боси.
Чевлите ги одржуваат топли стапалата и ги штитат од остри површини. Вашето дете не треба да ги користи чевлите додека прооди добро. За деца помали од една година, чевлите едноставно се тешки и им пречат.