Смртна казна за убиецот на девојката на Ештон Качер
Кобната вечер 22 годишната Ешли, студентка на моден дизајн требало заедно со Качер да оди на забава по доделување на Греми наградите, но кога актеорт дошол во станот кај нејзе и таа не му отворила врата, претпоставил дека му е налутена бидејќи доцни.
Сепак на заминување погледнал низ прозорецот и на подот забележал темни дамки за кои претпоставил дека се до вино. Следното утро ја дознал страшната вест за убиството на девојката која 47 пати била избодена со нож кај градите, стомакот и вратот.
Судбината на Гарџуло, ја запечати сведочењето на последната жртва Мишел Марфи, која успеала да се извлече и да му побегне во 2008 година при обид да ја убие.
Останати негови жртви се 32 годишната Марија Бруно, која во 2005 година живеела во иста зграда со него и била мајка на две деца, како и сестрата на негов пријател која ја убил во 1993 година кога тој имал 17 години.
Убиецот пред убиството ги следел девојките, кои секогаш живееле во негова близина, а потоа ги напаѓал со нож.