• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Симптоми кои не смеете да ги занемарите

by РиД 26/05/2012 0 Comment
 Симптоми кои не смеете да ги занемарите

Не сакате да бидете здодевна трудница која се плаши од секоја најмала промена, но воедно, не смеете да си дозволите да ги игнорирате проблемите кои можат да се појават. Проблеми се случуваат. Бременоста може да биде тешка, ментално и физички. Не само што се менува вашето тело на многу начини, туку секоја поинаква промена, која отстапува од она кое е зацртано како нормален тек на бременоста, може да ве испаничи и загржи дека нешто не е во ред. Постојат неколку симптоми за кои морате да се консултирате со вашиот лекар.

Екстремно повраќање

Во повеќе случаи утринските мачнини се здодевни, но не и опасни. Сепак ако исфрлате повеќе течности и храна отколку што внесувате или ако не уринирате, лекарот мора да знае. „Ова може да доведе до дехидратација, која не е добра за вашето бебе“ – велат стручњаците. Исто така може да биде знак дека страдате од hyperemesis gravidarum – екстремни утрински мачнини кои можат да траат во текот на целата бременост. Исто така консултирајте се со лекарот ако не можете да ја задржите храната во себе два дена, ако мислите дека имате труење од храна или повраќањето е пропратено со температура која е поинтензивна во вечерните часови. Во овие случаи можно е да бидете хоспитализирани и да добиете инфузија.

Интензивна болка во стомакот

Ако сте помалку од 12 недели бремена и чувствувате остри болки на едната страна од стомакот, а сè уште не сте биле на преглед со ултразвук, вашиот доктор може да се посомнева на ектопична (вонматерична) бременост. Подоцна, во текот на бременоста, ако се појават болките, консултирајте се со лекарот, бидејќи причината може да бидат од контракции до воспаление на слепото црево.

Протекување на млаз течност или контракции

Ако сте при крај на бременоста, протекувањето на голема количина вода, може да значи дека ви е пукнат водењакот, па веднаш треба да се упатите во болница. Но ако почувствувате истекување на млаз течност било кога пред 37-та недела, веднаш јавете му се на лекарот. Може да биде знак дека е пукнат водењакот и е започнато предвремено породување. Сепак не се сомневајте во најлошото. „Многу жени мислат дека водењакот е пукнат порано, а се случило бебето да ги клоцне силно и да го притисне мочниот меур, па тие само испуштаат урина“ – објаснуваат стручњаците. Контракциите се уште еден знак дека почнува породувањето. Ако сте 24 – 36та недела и ги почувствувате, јавете се итно кај лекарот. Иако е можно да се безопасните Бракстон-Хиксови контракции, подобро лекарот да ве прегледа и да бидете сигурни.

Крварење

Било кога да ви се појави крварење, морате да се консултирате со лекарот. „Во второто или третото тромесечие, крварењето може да значи дека е одделена плацентата или постои друг проблем, кој може да се дијагностицира само со ултразвучен преглед„- објаснуваат лекарите. Но, сепак не треба да паничите. Кај некои жени се случува во првите 12 недели да се појавува слабо крварење, кое не значи дека е почнат спонтан абортус.

Долготрајна главоболка и отоци по цело тело

Ако имате главоболки во првото тромесечие или пак страдате константно од мигрени, најверојанто не е ништо страшно. Ако во тек на целата бременост продолжи појавата на отоци по зглобовите, најверојатно задржувате течности во телото. Но, ако наеднаш се појави силна и долготрајна главоболка во второто или третото тромесечие и сето тоа е пропратено со големи отоци по лицето и рацете, кои никако не се намалуваат, можно е причината да е прееклампсија (висок крвен притисок во бременоста) која е опасна и бара лекарска помош веднаш. Друг можен знак за прееклампсија кој морате да му го кажете на лекарот е ако забележите дека видот ви станува заматен.

Слаби движења на фетусот

Ако не го чувствувате бебето да се движи и да клоца еден час, нема потреба од паника. Напијте се чаша сок (шеќерот во сокот ќе предизвика да се покачи нивото на шеќерот во крвта на бебето и ќе почне да клоца), а потоа легнете на левата страна во тивка соба, половина или еден час. „ Ако не изброите три до четири движења во тек на тоа време, јавете му се на лекарот„ – советуваат лекарите. Вообичаено тоа не значи ништо, само бебето е мирно, но докторот можеби ќе ви предложи да направите стрес тест или пак ултразвук, за да бидете сигурни дека нема проблем.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 378

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost opasni simptomi бременост опасни симптоми
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved