Шарлиз му раскина на Шон
Таа му раскинала со тоа што целосно го игнорирала, престанала да му се јавува и само исчезнала, пишуваат американските таблоиди. Терон престанала да му одговара на пораките и целосно го избришала од својот живот, како никогаш и да не постоел, изјави добро информиран извор за списанието „US Weekly“. Сепак според добро упатени извори, ова иако е најсуровиот начин на раскинување, генерално е по заслуга за некоја навистина лоша постапка.