• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Сакајте го своето тело!

by РиД 26/06/2012 0 Comment
 Сакајте го своето тело!

Група вработени мајки и блогерки решија да стават крај на митот за брзо враќање во форма по породувањето, кој вештачки им е наметнат на жените. Покажувајќи ги своите тела по породувањето, овие жени веруваат дека ќе им помогнат на сите други идни мајки да се ослободат од притисокот дека мораат по породувањето веднаш да се вратат на старата килажа и изглед, што стана општо прифатен идеал и норма.

Во фотосесијата наречена „Галерија на Божиците“ жените гордо позираат покажувајќи своите несовршени тела, наспроти оние фотосесии на славните мајки кои секој ден се фалат со својата брзо вратена виткост.

Дена Фелено, една од блогерките на сајтот CT Working Moms, подоцна напишала:

„Пред извесно време една пријателка ми спомена дека се плаши да кликне на линкот „Телото на Бијонсе по породувањето“ . Сите знаеме што се крие зад таквиот наслов. Прекрасна пејачка со тело како на девојка. Само пребарајте на гугл „body after baby„ и ќе ги видите славните со нивните тела во нормална тежина како никогаш да не родиле. Исто е и во пишаните медиуми. Тие жени сигурно работат напорно за да си ја вратат претпородилната фигура, но ние просечните жени, кои не сме манекенки од Викторија сикрет, го немаме луксузот наречен фотошоп, лични тренери, приватни готвачи, дадилки и други привилегии. “

Така подоцна решила да ги собере другите жени и да ја направат фотосесијата со која сакаат да им порачаат на сите жени, да не се срамат од облините по породувањето, туку да бидат задоволни со своите тела, без разлика што според некои вештачки наметнати норми, не се во групата „идеални“.

Фелено открива дека не и‘ било сеедно да се гледа себеси на таквите фотографии, но тоа брзо го надминала.

Докторката Ен Керни- Кук, која е психолог во Синсинати, вели дека на жените сеуште им треба многу време додека се навикнат да го прифаќаат своето тело онакво какво што е.

– Стана толку нормално жената да има ниско мислење за својот изглед и да не е задоволна со своето тело, што ако каже поинаку, другите ја сметаат за чудна и не и‘ веруваат. Бев сведок на групна дискусија кога една жена кажа „ Јас всушност се чувствувам ОК, во врска со мојот изглед“, а друга жена и‘ рече „ Никогаш во животот немам слушнато некој да го каже тоа, така што не сум сигурна дека ти верувам.“

По прифатливо е да зборувате негативно за себе и да се навредувате, наместо да си го сакате изгледот и да сте задоволни со себе.

Жените кои ја создадоа галеријата „Галерија на Божиците“ ги охрабруваат и другите жени да го сторат истото.

Госпоѓа Фелено додава:

– Колкуи повеќе жени го прават ова, толку побрзо ќе се смени свеста кај жените и тие полесно ќе се прифатат себеси какви што се. Тоа ќе им го смени животот за сите.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 434

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: izgled poroduvanje жени telo zeni изглед породување тело
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved