Реновирано 150 години старо учишлиште во Скопје
Child & Family фондацијата на Lyoness ја овозможи неопходната санација на зградата на основното училиште „Гоце Делчев“ во Љубанци, Македонија. Со оваа хумана активност, добротворната фондација на Lyoness, Child & Family го истакна својот меѓународен ангажман во доменот на образованието.
– Обновата е голем придонес во негувањето на историјата на нашето училиште – истакна директорката Силвана Терзиева во нејзиниот говор пред присутните гости, меѓу кои беа и Петре Латиновски, градоначалник на општина Бутел, Нина Пасегер, директорка на Child & Family фондацијата и Антонио Леитнер, Генерален директор на Lyoness Македонија.
Зградата која е постара од 150 години, последен пат била реновирана во далечната 1924 година и со тоа не нудела соодветни услови за престој и учење на дечињата.Со добиената донација беа заменети прозорите и вратите стари речиси стотина години со што објектот доби изолација од студот кој претстои.
– Термално изолираните простории ќе овозможат заштеда на средства, кои понатаму ќе можат да се искористат за набавка на училишни материјали – објасни Антонио Леитнер.
Освен тоа, со средствата од Child & Family фондацијата може да се купи нова опрема за кујната на училиштето кое нуди целодневен престој. Бенефит од извршената реставрација имаат 122 ученици и 26 вработени во училиштето.
Новообновената зграда научилиштето Гоце Делчев во Љубанци, Македонија беше отворена во октомври 2013 со официјална церемонија. Со обновата на училиштето, Child & Family фондацијата на Lyoness успешно го заврши својот прв училишен проект во Македонија. Од своето основање пред пет години, фондацијата на Lyoness реновираше или изгради училишни згради на Филипините, во Јужна Африка и Нигерија.