Развој на емотивната самоконтрола кај децата
Според последните направени истражувања во САД, повеќето родители веруваат дека нивните деца до 3 годишна возраст имаат капацитет за поголема контрола на емоциите, отколку што навистина се емотивно развиени за својата возраст.
Веројатно секој родител на три годишно дете бил во ситуација кога тоа почнува да плаче и не сака да запре, почнува да вришти, се врти по подот и ја повторува истата работа одново и одново – „Сакам уште чоколадо!!!“. Во тој момент ве фаќа нервоза и си помислувате „Зошто еднаш не се прибере и престане?!“. А откако сѐ ќе помине и повторно ќе стане она истото мирно и слатко детенце, првата мисла која ви поминува низ главата е „Па тоа има само три години“. Верувајте дека не сте сами.
Во истражувањето направено на родители кои имаат деца до 3 години, откриено е дека повеќето од нив имаат нереални очекувања од своите деца за поголема самоконтрола. Стручните лица советуваат дека најважно е родителите да сфатат кои се реални можности за самоконтрола кај децата и на тој начин ќе овозможат здрав развој и минимален стрес за двете страни.
Во спротивно се создава фрустрација кај родителот бидејќи не може да се снајде со реакцијата од детето, а тоа најчесто води до изрекување казни наместо давање поддршка и разбирање.
Другите резултати од истражувањето се:
– 56% од родителите веруваат дека децата под 3 години имаат импулсивна контрола да одолеат на желбата да направат нешто забрането.
– 36% од родителите веруваат дека децата под две години ја имаат таа самоконтрола.
– 43% од родителите веруваат дека децата пред наполнети 2 години се способни да делат и разменуваат со други деца.
– 24 % од родителите се убедени дека децата до една година можат да ги контролираат емоциите, како на пример да не паѓаат во тантруми кога се фрустрирани.
– 42% од родителите веруваат дека децата ја имаат оваа способност со наполнети 2 години.
А вистината е следна:
– Самоконтролата се развива помеѓу 3и пол и 4 години, а потребни се уште неколку години за да биде конзистентна.
– Способноста за делење се развива мешу 3-4 години.
– Емотивната контрола исто така нема да се развие меѓу 3и пол-4 години.
Стручните лица советуваат во раните години да го учите детето, а не да го казнувате. Кога родителите имаат реални очекувања во врска со детските способности, тие можат да го контролираат нивното однесување на многу едноставен и ефективен начин.
Уште една работа која не смее да се заборави е дека родителот е тој што треба да има доволно трпение и да ги контролира своите емоции кога се соочува со неразумно дете.