• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Растенија кои го подобруваат квалитетот на воздухот

by РиД 02/06/2013 0 Comment
 Растенија кои го подобруваат квалитетот на воздухот

Растенијата кои ги чувате дома, можат да го прочистат воздухот и да го подобрат неговиот квалитет. Најчесто тоа се отрови кои се јавуваат како испарувања по користење на некои средства за чистење, нега и одржување на домот.

Во осумдесетите години, НАСА вршела испитувања на собни цвеќиња кои можат да го прочистат воздухот во нивните објекти, а подоцна се докажало дека некои од нив го чистат од отрови и воздухот во домовите.

Aloe vera

Многу лесно се одгледува, сака сонце, а го чисти воздухот од формалдехид и бензен, кои се спореден производ од хемиски базираните средства за чистење, бои и сл. Алоето одлично напредува на сончевиот прозорец во кујната. Покрај способноста за чистење на воздухот, гелот од листовите помага при зацелување исеченици и изгореници.

Chlorophytum comosum

Иако можеби ви се случува да заборавите да се грижите за цвеќињата во домот, тешко ќе го уништите ова отпорно растение, кај нас познато како шарена трева или пајакова трева. Со своите шарени листови и ситни бели цветови, се бори против бензен, формалдехид, јаглерод моноксид и ксилен, кој најчесто се користи како растворувач во кожна, гумена и печатарска индустрија.

Gerbera jamesonii

Герберот со своите убави цветови е ефективен во отстранување на трихлоретиленот, кој може да го донесете во домот по хемиско чистење на облека. Исто така е добар за филтрирање на бензенот. Ставете по еден во просторијата за перење или во спалната. Обезбедете му многу светлина.

Sansevieria trifasciata ‘Laurentii’

На англиски е познато под името Mother-in-law’s tongue или во превод јазикот на свекрвата, ова растение е едно од најдобрите за филтрирање на формалдехид, кој го има во средствата за чистење, тоалетната хартија, хартиени марамчиња или други продукти за нега. Ставете едно во бањата – ќе успее и на малку светлина во влажни услови, додека го прочистува воздухот од штетните материи.

Scindapsus aures

Уште едно моќно растение кое го филтрира формалдехидот е брзорастечкиот полазвец кој може да креира вистински каскади со своите шарени листови. Познат е уште како ѓаволов бршлен, бидјеќи листовите му остануваат зелени дури и ако се чува во мрачна просторија. Затоа можете да размислите да го ставите во гаража каде има највисока концетрација од формалдехид од издувните гасови.

Chrysantheium morifolium

Колоритните цветови освен одличен подарок кој ќе го разубават домот, канцеларијата и било која просторија во домот, се и филтри за бензен кој го има во лепакот, боите, пластиката и детергентите. Хризантемата сака светлина, па сместете го на место со дирекна сончева светлина.

Dracaena marginata

Црвените рабови од листовите на драцената позната и како змаевец му даваат посебна убавина, а ако има поволни услови може да порасне многу високо. Ова е најдоброто растение кое го филтрира воздухот од ксилен, трихлоретилен и формалдехид, кои можат да бида внесени во домот при лакирање на подовоите и други дрвенарии, како и при испарувања од бензин.

Ficus benjamina

Бенџаминот сместен во дневната соба помага да се прочисти воздухот од загадувачите кои најчесто ги има во некои средства за чистење теписи и мебел, како формалдехид, бензен и трихлоретилен. Одгледувањето на фикусот може да е проблематично, но штом еднаш ги совладате правилата за наводнување, светлина и други услови за одгледување, нема да има проблем.

Rhododendron simsii

Прекрасните цветови од ова растение ќе го разубават вашиот дом, а воедно ќе го прочистат воздухот од формалдехидот кој може да испарува од иверка или пена за изолација. Бидејќи азалеата може да опстане во ладни услови, можете да сместите некое растение во визбата, само да има доволно светлина.

Hedera helix

Според една студија англискиот бршлен ги редуцира фекалните честички во воздухот. Исто така го филрира формалдехидот пронадеј во некои средства за чистење на домот.

Dracaena deremensis ‘Warneckii’

Се бори со загадувачите кои испаруваат од лаковите и некои масла. Драцената Варнецки расте многу лесно и без дирекна сончева светлина. Со своите листови формира прекрасно стебло и може да порасне многу високо.

Chamaedorea sefritzii

Познато и како бамбус палма, црвена палма, ова мало растение успева под сенка или во соба без дирекна сончева светлина. Често дава цвет и плод, ситни бобинки. едно од најдобрите растенија кои го чистат воздухот од бензен и трихлороетилен. Исто е добар избор за прочистување на воздухот од формалдехид.

Spathiphyllum

Сенка и неделно наводнување се доволни за спатуфилумот за да преживее и процвета. Според истражувањата го филтрира воздухот од формалдехид, бензен и трихлороетилен. Исто може да се бори против толуен и ксилен.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 914

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: cistenje vozduh rastenija trevi растенија треви чистење воздух
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved