Прво бебе за Блејк и Рајан
Холивудската актерка тоа го потврди со фотографија од нејзиниот стомак на својата интернет страница. Покрај нејзина фотографија, Блејк објави и низа слики од среќни бремени жени.
Ѕвезда на серијата „Озборувачка“ во 2012 година се омажи со најпосакуваниот холивудски ерген Рајан Рејнолдс, а од тогаш двајцата често истакнуваа дека сакаат многу деца.
– Двајцата доаѓаме од големи семејства, јас имам три браќа и сестри, Блејк четири. Многумина мислат дека тоа е лудо, но мислам дека лесно и среќно ќе поминеме низ тоа искуство – изјави минатата година Рајан.