Прва љубов – како да реагирате кога детето ќе се вљуби
Без разлика дали станува збор за тајна вљубеност во слаткото девојче од одделението или залуденост со тинејџерска поп ѕвезда, кај многу деца првата љубов се раѓа многу пред тинејџерската возраст.
Можеби ви се чини дека детската љубов е минлива или безначајна, но вашето однесување може да остави длабока трага на емотивниот живот на детето.
Првата сериозна љубов и првите бакнежи по правило се резервирани за тинејџерските години, но и основците прилично рано покажуваат интерес за спротивниот пол, па во дворот на училиштето може да се види како момчињата ги бркаат девојчињата, ги повлекуваат за коса, а девојчињата им даваат невини бакнежи на момчињата или пак и едните и другите заљубено фантазираат за пејачите од постерите на ѕидовите во своите соби.
Во прашање е период кога детето е посебно чувствително и ранливо. Затоа како родители постапувајте внимателно и си посебна грижа.
Бидете внимателни
Немојте да ја занемарувате или отфрлате првата љубов, само затоа што ви се чини дека детето е сè уште премногу мало. Во време на рана адолесценција чувствата се посилни, но тоа не значи дека и порано не се вистински, без разлика дали станува збор за идол или другарче од одделението. Чувствата се и тоа како реални. Начинот на кој ќе реагирате на првите љубовни изјави од вашето дете, ќе го обликуваат начинот на кој тоа ќе се однесува во иднина кога се во прашање идните врски – дали ќе ви ги доверува или ќе ги премолчува.
Не ги откривајте тајните
Без разлика на тоа што можеби ќе имате потреба да ги кажете сите симпатични, но и незгодни детали, за да не почне вашата принцеза да го избегнува спротивниот пол додека наполни 30 години, дозволете и‘ да ужива во својата прва вљубеност и да верува дека тоа што го чувствува кон момчето со црна коса од одделението – вистинска љубов.
Сè во свое време
Кога станува збор за разговор за љубовта, сега веројатно уште не е момент за приказната со „пчелките и цвеќето“ освен ако не ве праша детето само (фамозното прашање – од каде доаѓаат бебињата?).
Следете го своето дете
Кога вашето мало ќе ви каже дека е лудо вљубено, следете го неговиот ентузијазам. Ако се однесува малку смешно, во ред е да се пошегувате околу тоа и таа негова залуденост. Но, ако со вас сака да разговара сосема сериозно и вие бидете внимателни и покажете дека ви е грижа за тоа што ви го зборува.
Дајте му простор
Иако можеби вие умирате од љубопитност и сакате да дознаете што повеќе детали за чувствата на своето сакано дете, премногу испитување може да предизвика контраефект и повлекување. Дозовлете му само да ви пристапи, а вие бидете подготвени да понудите разбирање, и ако е потребно, рамо за плачење.
Без разлика дали станува збор за првата невина љубов во прво одделение од основно или за првата сериозна љубов во првиот клас во средно, најважна работа која можете да ја направите е да ја дадете својата поддршка. Немојте да ја игнорирате или намалувате важноста на тие чувства и емоции, а тоа и тоа како е важно во подоцнежната доба, кога се потребни повеќе совети и насочувања.