Проблеми на едно предвреме родено бебе….
Сите родители кои очекуваат нивното бебе да се роди пред одредениот термин се прашуваат само едно: дали и какви здравствени проблеми ќе има нивното дете? Сите предвреме родени бебиња, не се целосно развиени како навреме (термински) породените новороденчиња.Тоа е и главната причина зошто овие новороденчиња имаат зголемен ризик за развој на здравствени проблеми. Самото предвремено породување е стрес, а бидејќи органите на предвреме родените деца не се потполно доразвиени, животот надвор од матката им предизвикува многу тешкотии.Тие проблеми обично завршуваат во оној временски рок кога бебето требало да се роди или нешто пократко.
Респираторен дистрес синдром(РДС) или отежнато дишење поради незрелост на белите дробови е најчестиот проблем кај предвреме родените бебиња. Така е бидејќи дишењето после породување многу се разликува од тоа во матката. Најчеста причина е недостаток на течната материја позната како сурфанктат која овозможува алвеолите. т.е белодробните меурчиња на бебето да останат отворени и во моментот на издишување. Ако не е така, алвеолите ќе се залепат, нема да има размена на гасови (кислород-јаглероден диоксид) и дишењето ќе стане многу тешко, дури и невозможно. Во ваква ситуација бебето вложува голем напор да дише и остане живо. Но, поради незрелоста неговиот организам брзо се исцрпува и дишењето престанува.
Со воведување на скапиот препарат во терапија на РДС-Curosurf(surfanktant) проблемот во голема мера се надмина.
Грижата и терапијата за овие деца после породување ја вршат искусни педијатри-неонатолози, а таа е посебно тешка и бара огромно знаење и стрпливост. Се изведува во специјални Оделенија за Интензивна Нега и Терапија на Новороденчиња , со помош на специјални машини за механичка вентилација.
Втор многу важен проблем е Ретинопатијата на недоносените(ROP). Тоа е болест на мрежницата т.е ретината од окото, поради пореметен развој на крвните садови. Колку е детето помало толку е можноста за ова заболување поголема. Ретинопатијата на прематуритетот има повеќе стадиуми и во најголем број на случаи поминува сама по себе (самоорганизирачка болест) и нема потреба од никакво лечење. Во потешките стадиуми има потреба од третман, со што би се спречило дополнително влошување и појава на слепило. Колку порано се дијгностицира,толку подобро.
Затоа се потребни редовни прегледи на очите кај предвреме родените дечиња од страна на офталмолог. Посебно е важно да нагласиме дека најдобра превенција на ретинопатијата е превенцијата на предвременото породување.
Во светот дневно се раѓаат 1-1,5% мали недоносени бебиња (помали од 32 гестациска недела) кои се со голем ризик за развој на оваа потенцијално опасна болест. Соодветниот третман после породувањето, како и избегнувањето на прекумерната употреба на кислород во голема мера ја намалува честотата на тешките облици од болеста. Доколку се појават, тие се лекуваат пред се со помош на ласерски третман (ласерска фотокоагулација на ретината). Вака се спречува појава на слепило кај повеќе од половина предвреме родени бебиња.
Кај најтешките облици се изведуваат сложени оперативни постапки.