Природен препарат против темни дамки на кожата
Постојат многу причини за појава на темни дамки на кожата – бричење, депилација, убоди од инсекти, изложеност на сонце, употреба на дезодоранси и т.н. Како по некое непишано правило тие обично се појавуваат во пределот на вратот, под пазувите и меѓу бутовите.
Постојат одредени козметички препарати кои помагаат да се отстранат, но не се секогаш добри и безбедни за нашето здравје, затоа што содржат хемиски супстанции. Еве еден народен лек кој кој ќе ви помогне.
Потребно ви е:
– 1-2 лажици маслиново (или кокосово) масло, 1 лажица морска сол, 1 лажица сода бикарбона
Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса. Може да направите поголема смеса и да ја чувате во стаклена тегла. Нанесете од смесата на проблематичниот дел од кожата и оставете да стои 30 минути, па исплакнете со ладна вода. Повторете ја постапката до три пати неделно, додека дамките не исчезнат.