• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Детето треба да се пофали, но како?

by РиД 17/12/2012 0 Comment
 Детето треба да се пофали, но како?

Пофалбите кои детето ги слуша, му помагаат да се сака себеси и да порасне во самоуверена личност. Тоа се одамна познати факти, кои се и сами по себе логични. Бидејќи детето кое воглавно доживува критики, лесно ќе помисли дека ништо добро не прави, па наскоро ќе заклучи дека е помалку вредно од другите.

За среќа повеќето родители ги фалат своите деца и во нив гледаат многу доблести, но во одредни мигови, свесни се дека подеднакво е погрешно и кога некритички се фали. Баш во тоа е трикот – теоријата ја знаеме, а праксата е тешка – никаде не пишува како да се најде рамнотежа меѓу тоа да со пофалбите на детето му всадиме самодоверба и љубов кон самиот себе (што е предуслов за здрава љубов кон другите) и од друга страна во тоа да не се претерува бидејќи детето може да добие комплекс на „семоќен бог“. А од трета страна потребна е и здрава доза критика бидејќи ниту едно дете не е совршено и непогрешиво, но тоа ќе го сфати дури откако ќе ги почуствува последиците или кога ние како родители ќе му укажеме на тоа. И што сега? Колку да се фали детето во која возраст? Секако, правилник за тоа како да се растат децата, нема, но постојат мудри совети и препораки.

Не е добро кога пофалбите се однесуваат на изгледот – повеќето родители му зборат на детето дека е прекрасно, убаво, згодно, совршено во смисла на физичкиот изглед. Во ред, понекогаш и тоа треба да се каже, на пример ког детето посебно се дотерало за прослава на роденден или настап на некоја приредба. “Колку си ми убав/а“ ќе му даде на детето самодоверба, но ако тоа му го велите секој ден, во секоја пригода, тоа ќе даде негативни ефекти. Пред сè детето ќе стекне впечаток дека физичкиот изглед е многу важен, а тоа е погрешна порака без разлика на тоа дали вашето дете е повеќе или помалку физички актрактивно. Премногу има потенцирање на физичкиот изглед во медиумите, не ви треба тоа и дома. Освен тоа детето апсолутно им верува на родители само додека е мало, а со тек на времето станува попаметно – ако на дете со просечен изглед му велите дека е прекрасно, брзо ќе сфати дека лажете, бидејќи од реакциите на пошироката околина ќе види дека тоа не е точно. И преостанува само да заклучи дека за вас изгледот е многу важен, кога само за тоа зборувате. Ако физички е згодно, ќе помисли дека тоа е доволно, а ако не е, може да помисли дека ве разочарало, бидејќи сакате убаво дете. Изгледот е нешто за кое детето не е ниту виновно ниту заслужно, ниту може да го контролира тоа. Желбата за разубавување (облекување, промена на фризура) е здрав начин со кој велиме дека изгледот до некаде е важен и дека донекаде можеме да му влијаеме. Всушност треба да ги заштитиме од теророт на физичкиот изглед, а тоа најдобро ќе го постигнете така што нема да му давате преголемо значење на физичкиот изглед.

Од ова лесно може да се заклучи дека детето треба да го фалите во оние подрачја над кои има контрола и за кои е заслужно – значи пофалби заслужува за сè во што вложило труд, време, ентузијазам, креативност. Така ќе можете да направите многу повеќе: ќе го научите детето на работни навики, ќе му помогнете да ги развие своите потенцијали и да влијае на својата среќа. Ваквото однесување нужно ќе вроди со успех и пофалби од пошироката околина, бидејќи децата многу брзо сфаќаат дека родителите не можат до крај да бидат објективни бидејќи ги сакаат. Ако доживеало детето успех, нема трагично да сфати и некој неуспех. Како растат, на децата им стануваат важни и реакциите од пошироката околина, а не само од родителите. Така доаѓаме до следниот постулат за пофалбите: бидете искрени и реални кога го фалите детето, бидејќи ако сфати дека во пофалбите зборувате едно, а околината му испраќа други пораки, вам нема да ви верува.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 435

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca pofalbi деца пофалби
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved