Пилешко „помодоро“ со вотка сос
Состојки:
– 4 парчиња пилешки стек, 2 лажици масло, 50 мл вотка, 120 мл пилешка супа, 2 лажици свеж сок од лимон, 2 – 3 домати сечкани (или 1- 2 раце цели чери домати), 2 лажици павлака за готвење, малку сечкан власец (или перца од младо кромитче), сол, црн пипер, малку брашно (по желба)
Приготвување:
Зачинете ги пилешките котлети со сол и црн пипер, потоа посипете ги со малку брашно (ако користите) па ставете ги да се пржат на масло. Префрлете ги готовите парчиња месо во сад, истурете ја маснотијата од тавата. Додајте ја вотката (држете ја тавата подалеку од оган!!!) и ставете да се вари додека испари речиси целосно. Додајте ги супата и сокот од лимон. Вратете ги котлетите во тавата и оставете да се готват по 1 минута од секоја страна. Префрлете ги на чинија. Во сосот додајте ги павлаката и доматите. Загрејте и промешајте, па истурете го над месото. Гарнирајте со сечканиот власец.