Пица тарт со домати и фета
Состојки
– 1 пакување листесто тесто, 2 лажици маслиново масло, 1 чешне лук, 300 г чери домати, 150 г фета сирење, 2 лажици крем павлака за готвење, 1 жолчка, суво оригано
Приготвување
Обложете плех со хартија за печење и на нејзе развлечете го листестото тесто. Подигнете ги краевите малку за да формирате раб. Изгмечете го лукот. Во тавче на масло кратко пржете ги чери доматите со лукчето. Тргнете го лукот и фрлете го. Во еден сад измешајте го дробеното фета сирење, крем павлаката и сушеното оригано. Распоредете ја смесата над листестото тесто, одозгора распоредете ги доматите. Премачкајте ги рабовите на тестото со матена жолчка. Печете во рерна на 200 степени петнаесеттина минути.