Пет реченици што жените сакаат да ги слушнат за време на сексот
И зборовите можат да бидат моќен афродизијак во кревет. Секој има свои желби кога станува збор за водење љубов, но овие пет реченици без сомнение ќе бидат одобрени од повеќето жени.
1. Кажи ми што сакаш.
Митот за тоа како мажите треба да ги читаат женските умови, кога станува збор за водење љубов, одамна е заборавен. Ако сакате нешто, тогаш треба да го кажеме тоа, а тоа е уште поубаво кога мажот покажува интерес за задоволството на својата партнерка и сака да ја задоволи.
2. Да, имам кондом.
Самосвесните жени сами ќе се грижат за контрацепција, но секогаш сакаат да знаат дека нивниот партнер исто така се грижи за тоа и дека е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.
3. Дали ти се допаѓа ова?
Срамежливите жени можеби нема веднаш да му дадат до знаење на партнерот што најмногу им одговара. Затоа, ова едноставно прашање е ефикасен начин мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.
4. Го обожавам твоето тело
Сите жени понекогаш се чувствуваат малку несигурни додека водат љубов, така што секогаш е убаво да се слушне што најмногу сака вашиот партнер за вас и од што не може да се засити. Таквиот искрен комплимент во интимни моменти го поттикнува чувството на самодоверба кај жените.
5. Фантастична си
Мажите обожаваат кога жените ги фалат своите сексуални вештини, но зошто не би го слушнале тоа од нив? Квалитетниот секс е двонасочен процес во кој исто така мора да владее еднаквоста.