5 начини како да им понудите овошје и зеленчук на децата
Некои деца обожаваат овошје и зеленчук, додека други не. Тие пребирливи јадачи, да се натераат да јадат овошје и зеленчук, е голем потфат, кој бара умешност. Еве пет начини кои можат да ви помогнат.
1. Блендирајте, блендирајте, блендирајте
Користењето блендер за овошјето и зеленчукот е најлесниот начин да ги натерате децата да се хранат здраво. Можете да блендирате речиси сè: моркови, спанаќ, тиквички во сосови за паста или јаболки, јагоди и киви во вкусен кашест сок.
2. Магични форми
Калапите за сечење колачи се одлични за сечење овошје и зелечнук во разни форми. Направете чекор понапред и со исечканото овошје и зеленчук декорирајте ја храната во чинијата во вид на смешни фаци или облици. Калапите за колачи не се единствената алатка која можете да ја користите – чаши, чинии и сè друго кое може да ви послужи за да создадете креативни форми, употребете го.
3. Сосови и преливи
Сè од јогурт, до топено чоколадо може да се користи за сос во кој може да се натопи овошјето и зеленчукот. Не само што децата обожаваат да мацкаат додека јадат истото го сакаат и возрасните. Па придружете им се на децата.
4. Гответе заедно со децата
Кога ќе ги вклучите децата во кујната и ќе им дозволите да бидат активни во создавањето оброци, тие ќе бидат позаинтересирани да пробаат нови работи. Забавните имиња на сите состојки кои ги користите ќе создаде пријатна креативна атмосфера. На пример ако вашето дете ги обожава цртаните од Дизни, именувајте ги состојките по Дизни ликовите. Па на крај кога ќе дојде време за јадење, храната која тоа ја подготвило може да биде ѕвездата во филмот.
5. Здрави лижавчиња
Потребни се само неколку минути за да изблендирате вкусни овошја и зеленчуци со јогурт и да добиете смеса која потоа може да ја замрзнете во вид на сладолед и да им ја дадете да ја изедат. Разните весели бои се многу привлечни за да се изеде здрав оброк. Или едноставно исечете го овошјето и зеленчукот во различни форми и закачете го на стапче за раженче, како лижавче.