Печена шопска на лепче
Состојки:
– 1 домат (сечен на тркалца), 1 главица кромид (сечена на кругови), 1 зелена пиперка (сечена на тркалца), рендано сирење, неколку парчиња леб, сечен на кришки, маслиново масло, 6 -7 маслинки (сечкани)
Приготвување:
Големо тавче за печење премачкајте го со маргарин. Наредете ги лепчињата и намачкајте ги малку со маслиново масло. Почнете да редите врз нив најпрво пиперка, па кромид, па домат и потоа ставете ги парчињата маслинки. Од горе изрендајте сирење и ставете неколку капки маслиново масло. Печете додека сирењето не добие златна боја.