Паста со печурки и ракчиња
Состојки:
– 250 г лингвини (јуфки), 10 лажици путер, 250 г сечкани свежи печурки, 2 чешниња лук, 150 г крем сирење, 2 лажици сечкан свеж магдонос, 1 лажица сечкан свеж босилек, 150 мл врела вода (може да искористите од водата во која се варат тестенините), 450 г обрарени ракчиња, сол и црн пипер
Приготвување:
Ставете да се загрее вода во сад, посолете ја и откако ќе почне да врие ставете ги тестенините. За тоа време обарете ги ракчињата, па ставете ги да се изладат. Во голем сад истопете 2 лажици путер на средна температура, па додајте ги сечканите печурки да се пржат додека станат меки и кафеави. Зачинете со сол и црн пипер. Тргнете ги во сад печурките, а во тавата ставете да се загрее останатиот путер. Додајте го толчениот лук, сирењето и зачините. Мешајте постепено иако сирењето можеби ќе се згрутчи. Префрлете го во блендер, додајте ја водата и миксирајте додека добиете воедначена хомогена смеса. Префрлете го сосот во сад, додајте ги ракчињата и печурките, промешајте и оставете на тивко да се вари околу 10 минути. Кога ќе биде готово измешајте го готовата паста и сервирајте.