Пакетчиња со пилешко месо
Состојки:
– 4 парчиња пилешки стек, 4 парчиња смрзнато листесто тесто, 120 г крем сирење (не многу меко), неколку резанки сланина, 1 млад кромид, 1 јајце, магдонос, сол и црн пипер
Приготвување:
Прво испржете ја сланината да биде крцкава, па ставете ја на кујнска хартија да се исцеди од вишокот маснотија. Потоа исечкајте ја на помали парчиња. Исечкајте ги ситно кромидот и магдоносот, а по желба можете да додадете и други зачински тревки. Ставете го во блендер крем сирењето, па додајте му ги кромидот, магдоносот и сланината. Изблендирајте кратко да се соединат состојките. Зачинете со сол и црн пипер, а ако сакате можете да додадете и други зачини по ваш избор. Парчињата стек засечете ги од едната страна да направите длабок џеб. Тука наполнете го секое со по ¼ од смесата. Одозгора зачинете го месото со сол и црн пипер. Одмрзнатото листесто тесто расукајте го доволно да можете со едно да завиткате едно парче пилешко месо. Ако се мали парчињата листесто тесто, тогаш искористете две за едно бело месо (што значи ќе треба да ја удвоите количината листесто тесто). На краевите премачкајте го тестото со матеното јајце и притиснете да се залепи. На крај премачкајте ги пакетчињата одозгора со матено јајце, па ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.