Мечето Педингтон оживеано од Интел
Филмот кој е број еден во Велика Британија и се планира да се емитува и во над 50 други земји, ја прикажува перуанската патувачка ѕвезда заедно со Hugh Bonneville, a и Sally Hawkins како господин и г-ѓа Браун, кои го земаат во својот дом, по неговото пристигање во Лондон.
Исклучително сложениот карактер е креиран од мешан континентален тим во студиото за визуелни ефекти на Framestore. Со помош на Интел технологија, овој моќен тим кој брои петстотини лица распоредени во канцеларии на Framestore во Лондон и Монтреал, го креираа мечето кое ќе може да се види во филмот. Технологијата со врвни перформанси, почнувајќи од работни станици базирани на Core i7 користени при дизајнирањето, се до моќните HPC (ХПЦ) сервери користеи при рендерирање на ликот во речиси реално време, значеше дека тимот на Framestore беше способен да го извади максимумот во создавање на ликот на Педингтон кој иако е прикажан во различни видови интересни ситуации, сепак останал природен и реалистичен.
Стив МекФерсон, Главен технички директор на Фрејмстор, изјави:
– Вообичаено, создавањето на реални ефекти врз коса/крзно, вода беше голем предизвик, но пред неколку години ние поминав,е на Интел-ова технологија и тоа навистина ни помогна во смисла на нашата оптимизација и физика на тоа што правиме со косата, крзното, водата и другите материјали. Ова е фундаментален дел од анимацијата на карактерот и е еден од нашите главни адути.
Анимирањето на фото-реален карактер во речиси секој кадар поставуваше огромни барања на нашите компјутерски ресурси, не само заради неговото сложено крзно, туку и заради неговата тенденција да е секогаш на погрешната страна на водата и мармаладот. Ние сме 100% базирани на Интел работните станици и како и што очекувавме перформансите на системот се беспрекорни.
Пабло Грило, аниматорен режисер на Framestore додаде:
– За нас, Падингтон беше прво справување со главен CGI карактер, што навистина е пренесен на филм. Со повеќе од 600 снимки со мечки, тоа беше еден од нашите најголеми проекти во однос на управувањето на карактерот. Справувањето со симулации и услови како што се вода, дожд и мармалад и создавање на реална слика беа огромни. Постојат слоеви и слоеви на активности кои се вклучени, а технологијата е во срцето (темелот) на она што го создаваме.
Партнерството помеѓу Интел и Framestore, кое нè навраќа во 2009 година доведе до голем број на успешни филмови вклучувајќи ги и Edge of Tomorrow, Guardians of the Galaxy и Harry Potter and the Deathly Hallows. Соработката значи дека Framestore беше во можност да ја изгради својата основа во креирањето анимирани карактери и да се создаде една добро позната репутација во сферата на Холивудските аниматори за блокбастер филмови.
Гордон Грејлиш, потпретседател и генерален менаџер на Интел,изјави:
– Педингтон е добро познат, обожуван карактер и лично јас сум многу горд што Интел овозможи пренесување на истиот на големиот екран , тоа е само доказ на магијата која Интел може да ја создаде.
Педингтон филмот, во режија на Пол Кинг, а во продукција на Дејвид Хејман, ја раскажува класичната приказна на многу обожувано мече и неговото патување до Велика Британија од Перу. Книгите, кои се продадени во повеќе од 35 милиони копии ширум светот, се преведени на повеќе од 40 јазици им го свртеа вниманието на децата и возрасните од целиот свет. Филмот Падингтон го имаше своето деби на големото платно на 28 ноември во Велика Британија и ќе се прикажува во уште 50 земји во текот на празничниот период. Интел технологија одигра клучна улога во пренесувањето на познатиот карактер на Мајкл Бонд на филмското платно на кое ќе глумат Хју Боневил, Сели Хокинс, Никол Кидман, Џули Волтерс, Петар Капалди и Џим Бродбент.
Во чест на филмот и Лондонската уметност, култура и иновации, Paddington Trail лансираше педесет уникатни Падингтон статуи поставени низ Лондон, во близина на омилените знаменитости на познатиот истражувач од Перу. Интел е горд што ќе има можност да ја објави својата сопствена статуа, малата сина мечка, пред седиштето Framestore во Сохо.