Откажeте се од овие 15 нешта за да бидете среќни
Се грижите за многу работи без при тоа да сте свесни дека ви создаваат голема болка, стрес, страдање и наместо да се откажете од нив, им дозволувате да ви влијаат на животот. Ако сакате да си ја зголемите среќата, време е да се откажете од нив и сами да се погрижите за својата среќа.
1. Не мора секогаш да сте во право. Многумина не можат да се соочат со фактот дека некогаш не се во право. Дури и ако тоа значи крај за врската или им создава голем стрес и болка, да се биде секогаш во право ним им е најважно. Едноставно, не вреди. Кога ќе почувствувате неодолива потреба да почнете расправија со некого само за да докажете кој е во право, а кој не, поставете си го прашањето „Дали ми е поважно да бидам во право или да бидам љубезна?“ . Каква разлика ми прави тоа? Или вашето его е толку големо што не може да поднесе да не сте во право?
2. Откажете се од потребата за контрола. Со задоволство откажете се од постојаната потреба да држите под контрола се‘ што ви се случува вас или околу вас – ситуации, настани, луѓе и т.н. Без разлика дали тоа се вашите блиски, колеги или непознати луѓе кои сте ги запознале случајно. Дозволете се‘ и секој да биде онаков каков е и ќе видите колку подобро ќе се чувствувате.
3. Не ги обвинувајте сите. Откажете се од потребата да ги обвинувате другите секогаш за она што го немате, за она што го чувствувате или не. Престанете да ја трошите својата енергија и почнете да преземате одговорност за она што ви се случува во животот.
4. Престанете да се обвинувате и да си зборувате сами со себе. Ќе се зачудите колку луѓе се самоповредуваат со негативни, малициозни, повторувачки, самообвинувачки мисли. Не верувајте во се‘ што ви го вели вашиот ум за вас- особено ако тоа се негативни и обвинувачки мисли. Вие сте подобри од тоа.
„Умот е супериорен инструмент ако се користи правилно. Ако се користи погрешно, станува многу деструктивен„ Екхарт Тул
5. Не ги ограничувајте своите верувања за тоа што можете или не, за тоа што е можно, а што не. Од сега, нема повеќе да ги ограничувате своите верувања и да останете заглавени на исто место. Раширете ги крилјата и полетајте!
6. Престанете да се жалите. Откажете се од постојаната потреба да се жалите на сите тие луѓе, ситуации, случки, кои ве прават несреќни, тажни и депремирани. Никој не може да ве направи несреќни, ниту една ситуација не може да ве направи тажни и мизерни освен ако вие го дозволите тоа. Не е ситуацијата таа која ги иницира чувствата во вас, туку како вие гледате на тоа. Никогаш не ја потценувајте моќта на позитивното размислување.
7. Откажете се од критикувањето. Престанете да ги критикувате луѓето, настаните, нештата, кои не ви се допаѓаат или се поинакви од вас. Сите сме различни, а сепак исти. Сите сакаме да сме среќни, да сакаме и да бидеме сакани и сите сакаме да бидеме сфатени.
8. Откажете се од потребата да ги импресионирате другите. Не се обидувајте толку многу да направите нешто кое не е соодветно за вас, само со цел да им се допаднете на другите. Нема да успеете така. Моментот кога ќе престанете да се обидувате да бидете нешто што не сте, кога ќе ги фрлите сите маски, моментот кога ќе се прифатите самите такви какви што сте, ќе видите дека ќе ги привлечете луѓето без проблем.
9. Откажете се од одбивањето да се смените. Промените се добри. Тие ќе ви помогнат да го подобрите својот живот и животите на другите околу вас. Прифатете ги промените, наместо да им се противите.
10. Откажете се од етикетирање на луѓето, случките, нештата кои не ги разбирате како чудни, откажени и поинакви. Отворете го умот, полека, проширете ги своите видици.
11. Ослободете се од стравовите. Стравот е само илузија, не постои, сами го креирате. Сето тоа е дело на вашиот ум. Ако го сфатите тоа полесно ќе го најдете својот мир.
12. Престанете да барате изговори. Заборавете на нив, не ви се потребни повеќе. Честопати се ограничуваме себеси бидејќи користиме многу изговори и извинувања. Наместо да почнеме да работиме на себе и да се подобруваме, со тоа и да придонесеме за подобрување на сопствениот живот, остануваме заглавени, лажејќи се себеси и користејќи секакви изговори – а тие во 99,9% од случаите се нереални.
13. Заборавете на минатото. Да, тешко е, особено кога тоа изгледа толку подобро од сегашноста која ја живеете и кога иднината изгледа застрашувачки, но мора да сфатите дека она кое го живеете сега е само сега и нема да го имате повтронбо. Минатото по кое сега тагувате и копнеете и за кое сега сонувате беше игнорирано од вас кога го живеевте како сегашност. Престанете да се оптоварувете со тоа и почнете да уживате во моментите кои сега ги живеете. Покрај тоа животот е патување, а не дестинација. Имајте чиста визија за иднината, подгответе се, но секогаш бидете присутни во сегашноста.
14. Престанете да се приврзувате. Ппри тоа се мисли за нешта, места, предмети, не за љубовта и личноста која ви значи. Вистинската љубов, која е искрена не бара слепа приврзаност бидејќи тоа ја гуши. Љубовта треба да и носи среќа, радост и да има голема толеранција меѓу партнерите.
15. Не живејте според очекувањата на другите. Многумина го живеат животот како да не е нивен. Тие живеат онака како што другите мислат дека е најдобро за нив, нивните животи зависат од тоа што нивните партнери мислат дека е добро за нив или нивните пријатели, непријатели, блиски…дури и како им диктираат медиумите. Тие го игнорираат внатрешниот глас кој им кажува што е најдобро за нив. И толку се зафатени обидувајќи се да ги задоволат сите, што губат контрола над својот живот. Забораваат што ги прави среќни, што сакаат, што им треба и евентуално понекогаш забораваат на самите себе. Имате еден живот, овој сега, мора да го живеете по свое, особено да не дозволите мислењето на другите да ве одвлече од вашиот пат.