Опстанокот на бракот зависи од начинот на кој се карате
Зошто некои бракови успеваат, а други се “рушат“ под притисок на негативните емоции? Многу истражувачи се обиделе да дадат одговор на тоа прашање во желба да дознаат дали постојат знаци врз основа на кои можеме да предвидиме потенцијален распад на брачната заедница. Со оваа тема се занимава и Џон Готман, американски психилог, кој комплетната кариера ја посветил на анализирање на љубовните односи и во последниве 40 години поминал во многу истражувања на брачни двојки.
Во една студија која ја работел со Роберт Левинсон, од брачните двојки побарал 15 минути да решат одреден меѓусебен конфликт. Истражувачката двојка воочила образец на однесување кој се повторува и врз база на кој успеале да предвидат кои двојки ќе се разведат.
Десет години подоцна контакирале со нив и дознале дека во 90% од случаите биле во право, т.е точно прогнозирале кои двојки ќе се разделат, а кои ќе опстанат.
Тајната е во начинот на расправање, поточно во балансот меѓу позитивните и негативните интеракции во тек на конфликтот. Според научниците соодносот мора да е 5:1. Шансите за опстанок на бракот се многу поголеми ако двојката на секоја негативна интеракција има пет или повеќе позитивни.
Кога среќните парови за нешто се расправаат тие можат да се препираат, но исто така се смеат, се задеват и видливи се знаци на приврзаност кои ги имаат поставено на емотивно ниво. Тие сакаат навистина да го решат проблемот и јасно покажуваат љубов и нежност дури и во караниците, покажуваат емпатии и подготвено се извинуваат за својот пропуст.
Од друга страна несреќните парови покажуваат помалку позитивни интеракции и ескалација на негативност во караницата. Ако соодносот на спомнатите интеракции е 1:1 или воопшто не постојат позитивните, тогаш јасно е дека бракот е пред развод.
Што спаѓа под негативни интеракции? Било каков облик на потсмевање, презир, омаловажување, злонамерно криткување и слични облици на однесување, се негативни интеракции кои влијаат на иднината на бракот.