Со неколку трикови олеснете си го чистењето на домот
Чистењето најчесто одзема многу време, а понекогаш му го посветуваме цел викенд. Но, според најновите истражувања , секоја жена може да го исчисти домот за половина час, ако следи неколку трикови за совршено чиста куќа.
Најмногу време трошиме на вшмукување и чистење прашина, но за секоја работа стручњаците за чистење имаат одредени решенија. Еве ги 10те моќни трикови кои ќе ви помогнат да го исчистите домот најбрзо до сега:
- Прво во секоја соба избришете прашина, потоа поминете со правосмукалка, па исчистете го подот минувајќи од соба во соба.
- Во тек на чистењето вклучете тајмер или аларм да ѕвони на секои 30 минути, и така ќе се забрзате, бидејќи ќе почнете да се тркате сами со себе.
- Направете список на потребни производи и средства за чистење во телефонот, за да не одите неколку пати до продавница.
- На дното од кантата за отпадоци ставете стари листови од новини кои ќе ја соберат течноста која истекува и ќе ги неутрализираат непријатните мириси.
- Обложете ја рерната со фолија или ставете фолија под решетката, за да се извалка помалку при приготвување на јадење. Ако јадењето почне да прска при приготвување, повеќето нечистотии ќе останат на фолијата која ќе ја отстраните по печењето, а рерната ќе остане чиста.
- Растворете таблета за машинско миење садови во вода и со нејзе исчистете ги прозорите до совршен сјај.
- Попрскајте ги елементите во купатило со средство за чистеење и оставете го да стои 10тина минути пред да почнете со чистење, така што ќе добиете подобар ефект.
- Старите фортирни чорапи искористете ги за бришење на венецијанер ролетните: малку навлажнете ја чорапата, навлечете ја на рака да се заштитите од острите рабови и една по една лента бришете ги.
- Сите ситни делови и прегради од фрижидерот не ги перете рачно, туку во машина за садови – подобро и побрзо ќе ги измиете.
- Во тек на перење на одредена гардероба намалете ја центрифугата на машината. Потоа полесно ќе ја испеглате.