Обновете ја косата за еден месец
Навистина е возможно за четири недели значително да се подобри квалитетот на косата и да се намали нејзиното опаѓање. Како? За почеток концентрирајте се на поттикнување на растот на нова коса, а старата ќе се обновува паралелно. Многу брзо сите ќе забележат значителна промена кај вас.
Исхрана– на фоликулите од влакната потребна им е енергија за раст која им ја снемува само четири часа по оброкот. Тоа е уште една добра причина да престанете со комбинирање на повеќе оброци во еден или два, кога идеалниот број е три. Во текот на денот јадете здрави грицки на база од јаглехидрати, како бадеми и сушено овошје, се‘ со цел да го одржите потребното ниво на енергија во фоликулите. Имајќи го во предвид фактот дека косата во најголем дел се состои од кератин, добро би и‘ дошла исхрана богата со пилешко, риба, леќа, јогурт и свинско месо.
Опуштање – лесно е да се каже “контролирајте го стресот”, но кому тоа навистина му успева? За жал кога организмот е константно изложен на стрес, заради различни причини, енергијата потребна да се соочи организмот со стресот автоматски се пренасочува од периферните делови, како што се влакната на косата. Дали сте знаеле дека во косата се наоѓаат клетките кои најбрзо растат? Тие трошат многу енергија и токму затоа косата и нејзините влакна се на првиот и директен удар во стресните периоди. Испаѓањето на косата го предизвикуваат различни фактори, но поради структурата на своите клетки таа е единствен орган кој може циклично да се обновува цел живот. Денес постојат разни креми и емулзии за забрзување на растот на косата.
Потстрижување – ако силно посакувате долга коса, тогаш престанете да ги скратувате врвовите секои шест недели. Правете го тоа само кога е навистина е потребно, односно кога ќе забележите дека врвовите ви се испукани или неуредни.
Вежбање – Вежбањето ја поттикнува циркулацијата насекаде низ телото, па така и во косата. Со тоа на фоликулите им се обезбедува подобра снабденост со кислород и хранливи материи.
Различен пристап во негата на косата – постои голема разлика во навиките за нега на косата кај жителите на Стариот и Новиот континент. За Американците нормално е да ја мијат секој ден. Англичаните тоа го прават секој втор ден, додека остатокот од Европа на секој три-четири дена. Во која група припаѓате вие?