Ново од H&M за најмладите
Овој октомври во H&M со купување на посебната колекција за деца со забавна и модерна облека, наменета за игра и посебни пригоди, ќе се собираат прилози за програмата од УНИЦЕФ за подобрување на животот на децата.
Колекцијата Аll for Children за девојчиња полна е со прекрасни, нежни парчиња како розеви фустанчиња со машна, капути од вештачко крзно, весели сукњички и блузи во разни дезени.
Момчињата можат да станат вистински мали џентлмени со сакото кое се носи со соодветни сиви панталони или џемпери во весели контрасни бои, а тука се и безбол јакната, маици во контрасни бои и во разни дезени со симпатични цртани ликови.
Ако треба да се облечат за посебни пригоди, тука се магионичарски цилиндер, наметка, магионичарски стапчиња, како и комбинезон – зајко, дури и симпатични капи со лик на поларна мечка, зајак или фламинго.
Освен тоа нудат и многу реквизити и книги за забава. Колекцијата ќе биде достапна од 18 октомври, во над 300 H&M продавници низ светот. Собраните пари ќе се донираат во програмата на УНИЦЕФ, за децата од Бангладеш.