• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Неверојатните способности на бебешкиот мозок

by РиД 11/03/2013 0 Comment
 Неверојатните способности на бебешкиот мозок

Бебињата можеби се малечки, бучни и бараат внимание. Тие не знаат што се случува околу нив, ниту можат да учествуваат во било каква активност, но, сепак тие се многу попаметни отколку што мислиме.

Нивните неверојатни способности постојано ги предизвикуваат научниците да истражуваат.

Така научниците откриле нов начин како да го измерат квантитетот на способностите кај бебињата и нивните откритија се повеќе од неверојатни.

Бебето знае кој е „главен“

Според резултатите објавени во јануари 2011 година, во едно научно списание бебињата ја разбирале социјалната хиерархија и знаеле дека големината одредува кој е главен. На 10 месеци тие знаат дека „голем“ значи главен.

Бебињата разбираат емоции и расположенија

Вашето бебе е мини емпат. Тоа може да почувствува кога сте среќни, тажни или дури кога расположението ви е пола-пола. На пет месеци бебето може да разликува весели од депресивни звуци.

Бебињата ги сфаќаат емоциите на кучињата

Вашето бебе пред да каже „мма“ или „тато“, може да ги сфати емоциите на кучињата. Да токму така, кучињата. Во една студија изведена во 2009 година, било забележено како шест месечно бебе ги поврзува звукот на бесно ржење или пријателско лаење со фотографии на кои се прикажани кучињата во различни ставови со телото.

Бебињата се родени танчери

Во друга студија обавена во научно списание во 2010 година, било објаснето дека бебињата имаат природна способност за танц, а научниците не биле сигурни зошто и како таа се развива. Научниците пуштале снимки од класична музика, ритмични мелодии и зборување, додека ги снимале реакциите на бебињата. Тие се движеле со рацете, нозете, стапалата, торзото и главата додека ја слушале музиката, за разлика кога го слушале зборувањето.

Бебињата можат да учат додека спијат

Истата година во друга студија научниците откриле дека бебињата можат да учат додека спијат. Во експриментот биле вклучени 26 бебиња ( секое старо 1- 2 дена), научниците им пуштале музички тон пропратен со кратко дување воздух кон очите, околу 200 пати во тек на половина час. Бебињата имале и поврзана мрежа од 124 електроди на главата и лицето, преку која се регистрирала мозочната активност. Бебињата брзо сфатиле дека по музичкиот тон следи краток бран од воздух, па ги затворале очите. Бидејќи новороденчињата го поминуваат поголем дел од времето во спиење, оваа новооткриена способност може да е круцијална за новороденчињата и нивното брзо адаптирање на светот околу нив, со цел да си го осигураат својот опстанок.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 391

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe mozok бебе мозок
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved