5 продукти кои ја елиминираат зависноста од шеќер
Повеќемина од нас не знаат зошто во емоционално тешките состојби посегнуваат по колачи, бел леб, чоколадо или пудинг. Многумина веруваат дека тие продукти им помагаат затоа што имаат одличен вкус. Но тоа е само една причина. Таа храна не‘ привлекува поради состојките кои го подобруваат расположението, односно едноставните јаглехидрати, т.е моносахариди и дисахариди. Во секојдневнието познати се како шеќери. Кога ќе гризнеме парче штрудла од јаболки или крофна, ги внесуваме во организмот овие состојки и веднаш се чувствуваме подобро.
Потреба од серотонин
Во нашиот организам едноставните јаглехидрати почнуваат низа хемиски процеси кои на крајот доведуваат до подигнување на нивото од серотонин во мозокот. Студиите покажуваат дека ниското ниво на серотонин е една од главните причини за желба за благо. Серотонинот е невротрансмитер кој создава чувство на спокој и задоволство. Што повеќе се лачи, подобро се чувствуваме. Затоа кога имаме потреба од брз раст на серотонин, бараме храна богата со шеќер. За жал често го наоѓаме во преработени продукти со многу калории и малку хранливи состојки. Претераното конзумирање храна која содржи едноставни јаглехидрати може да предизвика многу здравствени проблеми. Меѓу нив се дијабетес, дебелина и болести на срцето и крвните садови. И не само тоа, откриено е дека конзумирањето бел шеќер го оштетува црниот дроб, ја пореметува работата на хормоните и го зголемува ризикот од рак.
Како да се прекине маѓепсаниот круг?
Ако премногу попуштиме пред желбата за благо во преработената храна, ќе предизвикаме брз раст, а потоа и брз пад на глукозата во крвта. Тоа поттикнува уште поголема желба за шеќер и создава маѓепсан круг. Можете да го прекинете само ако јадете здрава храна, а тоа се следните производи:
1. Домати – содржат високо ниво триптофан, состојка која телото ја претвора во серотонин. Овој плод е богат со хром, минерал кој ја намалува желбата за храна и ги регулира холестеролот и нивото на глукоза во крвта.
2. Јаболки – едно од најдобрите овошја за задоволување на желбата за слатко, кое лесно може да го носите со себе и не мора да го лупите или сечете како друго овошје. Дури и киселите јаболки содржат многу здрави јаглехидрати. Богато е со растителни влакна кои даваат чувство на ситост и го намалуваат гладот.
3. Слатка пченка – ова е уште еден здрав продукт кој помага во одвикнувањето од благо, особено кога е варена. Изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и прехрамбени влакна, па со тоа го намалува и гладот.
4. Сладок компир – не само што ќе ја намали желбата за благо, туку дополнително ќе го збогати организмот со витамин Ц, Д, Б6 и железо. Хранливите состојки во слаткиот компир можат да ги спречат болестите на срцето, рак и други дегенеративни болести.
5. Цимет – е фантатстичен зачин кој има одличен вкус, па мирис, па можете да го додадете во многу јадења. Ги спречува наглите осцилации на нивото на глукоза што придонесува за желба за благо и со тоа ја одложува потребата за внесување нови порции шеќер.
Наведените продукти не само што ќе ви ја намалат желбата за благо, туку и ќе ви го подобрат здравјето, а и ќе ви помогнат да останете витки. Како алтернатива за белиот шеќер при приготвување слатки можете да користите јаворов или агаве сируп или друга здрава замена која можете да ја најдете.