• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Мотивирајте го детето да учи и пишува домашни задачи

by РиД 28/09/2012 0 Comment
 Мотивирајте го детето да учи и пишува домашни задачи

Школската година само што започна, а вие веќе како да сте во маѓепсан круг со пишувањето задачи и проблеми околу мотивирањето на детето да ги извршува обврските без расправии и наговарање?

Еве како можете да го мотивирате детето да биде одговорно за училишните обврски

Повеќето деца не сакаат да пишуваат домашни, ниту да учат. Тоа секако е разбирливо бидејќи пред неколку часа истото го правеле и на училиште, а дома има поинтересни работи од учењето. Затоа задача на родителите не е како да ги научат децата да ги засакаат домашните задачи, велат психолозите Чик Мурман и Томас Хелер за News for Parents, туку како да ја извршуваат таа обврска на време и самостојно.

Родителите често задачата ја гледаат како свој проблем, а не задача на детето. Затоа поставуваат ултиматуми, се лутат и викаат на детето, што на крајот резултира со пораз. Родителите имаат обврска да создадат систем според кој детето ќе работи задача, а негова обврска е да ја заврши. Зборот „задача“ исфрлете го од употреба и користете го зборот „учење“. Тогаш времето за учење е токму тоа, дури и кога детето нема задача, туку само ќе го повтори наученото или ќе се подготвува за тест.

Рутината е важна за детето од мали нозе, па така е и со учењето. Пробајте да се организирате тоа да биде секогаш во исто време, а во одлуката кога тоа ќе биде, секако вклучете го детето. Кога еднаш ќе одговорите, нема отстапување ниту промени. Со тоа на детето ќе му покажете колку учењето и образованието е важно на скалата со приоритети. Договорете се дали тоа ќе биде веднаш по школо и активностите или после, дали ќе учи во својата соба или сака покрај вас во кујната. За сè може да одлучува, освен за тоа дека не сака да учи. Тука мора да бидете цврсти и да му ставите до знаење дека таа одлука е единствената која ја носите вие сами. Рутината за учење нека биде едноставна и предвидлива. Започнете со подготовка на сите потребни книги и тетратки за тој ден, а завршете со редење на торбата и чистење на работната маса.

Не решавајте ги задачите наместо детето. Кога тоа ќе се пожали дека не му оди и не може да ја напише задачата, кажете му дека сигурно може, ако малку размисли и проучи што од него се бара. Потоа тргнете се и дајте му малку време. Ако не успее детето само да го реши проблемот, вашиот пристап треба да се состои во прашања, но не и во нудење на одговор. Тргнете со ред и прашувајте го детето што не разбира, поставувајте подпрашања, додека самото дојде до одговорот.
За да учи самостојно, детето мора да знае да направи распоред на задачи и да ги подреди приоритетите. Тука е неопходна и ваша помош, а после само проверувајте дали го усвоило системот за учење и треба ли евентуално нешто да се менува.

Поткупувањето во вид на слатки и други награди за учење, не е препорачливо.

Пофалете го детето секој пат кога ќе видите дека се потрудило и кажете му дека тоа на крај ќе се види по оцените, поради што треба да биде гордо на себе како што веќе сте вие.

Додека учи детето, вие завршете ги своите обврски бидејќи никако не е поттикнувачки ако за тоа време вие на пример гледате телевизија или разговарате на телефон. Со свој пример најдобро ќе покажете како детето треба да се однесува кон училиштето и учењето.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 475

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: domasni zadaci ucenje домашни задачи учење
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved