Монголско јунешко
Состојки:
-450 г јунешко месо, 1 лажица нишесте (по желба), 2 чешниња лук, ¼ лажичка ѓумбир во прав, 2 ½ – 3 лажици тамари сос (или обичен соја сос), 1 ½ лажица агаве нектар (или шеќер), 1 лажичка кинеско оризово вино (или суво шери), 2 лажици вода, 3 млади кромитчиња, 1 – 2 лажици маслиново масло
Приготвување:
Јунешко исечкајте го на многу тенки парчиња, потоа поделете го на долги лентички. Лукот истолчете го, а кромитчињата исечкајте ги на долги парчиња ( 2- 3 см). Во еден сад измешајте ги тамари сосот, агаве нектарот, водата и оризовото вино (или нивните замени). Ставете го садот на страна. Загрејте го маслото во сад на средна температура. Треба да имате доволно масло да го покрие дното од тавата. Земајте ги парчињата јунешко и ставајте ги во нишестето да се налепи на нив (ако користите нишесте). Истресете го вишокот нишесте од месото и ставете го да се пржи во тавата додека добие кафеава боја. Додајте ги лукот и ѓумбирот, пржете кратко. Додајте го сосот кој претходно го подготвивте и ќе почне да врие. Намалете ја температурата и оставете да се динста на тивко додека почне да се згуснува нишестето и месото добие глазура. Тоа треба да се случи за кусо време. При крај на готвењето додајте ги младите кромитчиња, промешајте и префрлете го јунешкото во чинија со обарен ориз. Сервирајте веднаш.