Модни додатоци за романтичен изглед
Украсните венчиња и ленти за коса не се повеќе модерни само за тинејџерките.
Трендот кој стана популарен со серијата „Озборувачка“, каде најчесто ги носеше главната актерка Блер Валдорф, во последно време го популаризира кантри поп ѕвездата Тејлор Свифт.
Ако ви се допаѓаат вакви модни додатоци еве што треба да знаете:
1. Не го поставувајте премногу назад. Идеално место за венче/лента е на самиот врв од главата, никако кон ушите.
2. Внимателно со остатокот од стајлингот. Ако носите ваков впечатлив моден додаток, остатокот од стајлингот како шминка или накит нека биде сведен на миниум.
3. Не претерувајте со фризурата. Ваков јак моден додаток е доволен сам по себе и не може да опстане во друштво на комплицирана фризура со многу локни или кох. Доволно е косата да биде лесно исфенирана без премногу лак или други препарати за коса.