Модерен изглед за 5 минути
Ако сакате набрзина да се подготвите за излегување и да бидете модерни, еве предлог Куси тексас панталончиња, маица во дезен со широки линии, лежерно врзана на струкот. Надополнете го тоа со кафени сандали на висока потпетица, со ремчиња, ташна и очила во истата боја. Накитот нека биде соодветен со некоја боја од шарите на блузата – сино, со златно, во овој случај се одличен избор. Уште соодветна шминка и фризура, подготвени сте за забава.