Медитеранската диета ја зголемува плодноста
Правилната исхрана има позитивно влијание не само на одржувањето добра форма и одлично здравје, но според научни студии и на плодноста.
Како најповолна за тоа се покажала медитеранската диета, која е богата со зеленчук, риба и корисни масти. Тоа го докажале холандски научници од Универзитет во Ротердам, кои извршувале истражување над 160 брачни двојки кои се лечеле од стерилитет.
Според експериментот се покажало дека жените кои строго се придржувале до медитеранската диета, ги зголемиле шансите за забременување до 40%.
Според научниците најважното е во храната да има што повеќе растителни масти, зеленчук, мешункаст зеленчук и риба. Големата содржина на омега 6 масни киселини и витамин Б6 во храната се сметаат за најголемата предност на медитеранската диета во врска со зголемување на плодноста.
Во медитеранската диета дозволени се: зеленчук, овошје, јаткасти плодови, компири, мешункасти плодови, зачински билки, интегрални пецива, риба, морски плодови, екстра вирџин маслиново масло. Повремено може пилешко месо, јајца, сирење, јогурт.
Не смее да се јадат: слатки, засладени пијалаци, рафиниран шеќер, месни преработки, рафинирани масла и било каков вид процесирана храна.