Пат до саканото бебе – од А до Ш
Ин витро…што? Корпус…каков? Лекарската терминологоја понекогаш ве доведува до очај. Еве кус преглед на некои медицински термини по азбучен ред, кој може да ви помогне на патот кон саканото бебе, а при тоа да не се изгубите во морето од непознати зборови.
Андроген – машки полов хормон.
Антитела – молекули белковини во имунолошкиот состав кои препознаваат, обележуваат и уништуваат туѓи тела во организмот.
Базална температура – телесна температура по будењето, но пред станување од кревет.
Биопсија – земање примерок од ткиво.
Варикочела – проширена вена на тестисите.
Ембрион – јајна клетка по спојување со главата од сперматозоидот до отприлика третиот месец од бременоста.
Ембриотрансфер – пренесување на јајната клетка во матката, по вонтелесно оплодување.
Ендометриоза – растење на ендометриумот (слузот) од матката надвор од неа.
Естроген – женски полов хормон одговорен за изградба на ендометриумот од матката и влажнење на грлото од матката.
Жолто тело (Corpus luteum) – жолтото тело се создава по овулација од остатокот на фоликулот и го создава женскиот полов хормон прогестерон.
Кламидија – вид бактерија која најчесто ги напаѓа половите органи.
Лапараскопија – абдоминоскопија.
Менотропин – FSH и LH кои се создаваат во урината на жена која е во климакс.
Овариум – јајник.
Овулација – плоден период од циклусот.
Предимплациска дијагностика (PID) –испитување на ембрионите за генетски аномалии, пред нивното вметнување во матката во тек на вонтелесно оплодување. Ова е забрането во Германија.
Прогестерон – хормон на жолтото тело кое ја подготвува слузницата на матката за вгнездување на ембрионот и помага во одржување на бременоста.
Пролактин – хормон на хипофизата одговорен за создавање на млеко по породувањето. Зголемениот пролактин може да биде причина за неплодност.
Спермограм – утврдување на број, подвижност и облик на сперматозоидите, со што се дознава за плодноста на мажот.
Тестостерон – машки полов хормон кој помага во изградба и созревање на сперматозоидите.
TSH – хормон на штитната жлезда.
Утерус – матка.
Фетус – плодот во матката од четвртиот месец на бременоста.
Фоликул – јајна клетка која не е порасната и созреана.
Пункција на фоликули – земање созреани јајни клетки од јајниците.
Фолитропин – прочистен, биотехнолошки произведен FSH.
FSH – хормон кој го поттикнува растот и развојот на јајните клетки.
HCG – хуман корионски гонадотропин заслужен за одржување на жолтото тело, а кај медицински потпомогнатото оплодување за поттикнување на овулацијата.
Хипофиза – ендокрина жлезда која ги ослободува хормоните на плодноста FSH и LH.
Циста – шуплина исполнета со течност.