Масло од чајно дрво против мувла и влага
Влагата и мувлата можат да се појават во било кој период од годината, во разни делови од домот и оставаат многу непријатен мирис. Еве еден ефикасен и природен начин како да се ослободите од нив.
Спреј со масло од чајно дрво – измешајте 2- 3 лажички етерично масло од чајно дрво во две чаши вода и ставете ја смесата во шишенце со распрскувач. Испрскајте слободно по зафатените површини со влага и мувла- ѕидовите, таванот, бањата, дури можете и на теписите и завесите во бањата. Не испирајте.
Растворот со масло од чајно дрво е природен, безбеден и квалитетно чисти!
Маслото од чајно дрво има многу силен мирис, слично како средствата за чистење со мирис на бор, но не е токсичен и ќе исчезне за неколку дена. Едниствена мана е што можеби ќе ви е скапо, бидејќи едно мало шишенце чини околу 60 – 70 денари, а можете да го користите 2- 3 пати, но, предноста дека чистите на природен и безбеден начин е неспоредлива.