Мали маратонци
Сите мајки кои мислат дека грижата за најмалите е навистина исцрпувачка активност, се во право. Сепак според најновата британска студија, дечињата се тие кои би требале да се жалат од исцрпеност и замор.
Имено во студијата било откриено дека за својата дневна активност тие трошат енергија еквивалентна на енергијата која би ја потрошила возрасна личност при 83 рунди во боксерски ринг!
Експертите кои го воделе истражувањето откриле дека едно мало дете на возраст од 2- 4 години, дневно троши енергија колку што би потрошил возрасен во ринг за време од 250 минути или пак при трчање на маратон од 48 километри.
Сето тоа малите го трошат во – трчање наоколу, играње во песок, качување по скали, играње во парк. Ова може да се спореди и со 300 часа поминати во фудбал, што е повеќе од три цели фудбалски натпревари еден по друг.
Сепак, колку и да делува тоа исцрпувачки, родителите се среќни кога ги гледаат своите мали маратонци во нови палавштини и истражувања. За сето тоа на нив потребни им се многу енергија и хранливи материи, кои воедно се трошат и за раст и развој.
Дневните потреби од енергија кај децата се околу 3600 калории, исхрана која им е потребна на возрасните ако трчаат маратон – велат истражувачите.
Тие додаваат дека децата имаат потреба од три пати повеќе енергија, споредено со возрасните, четири пати повеќе железо и витамин Ц, три пати повеќе калциум, цинк и витамин А, а уште повеќе од здрави масти. Кај децата многу помала е потребата од сол.