Макси фустан за трудници
Макси фустанот треба да е главен во орманот на секоја трудница. Дава доволно место да расте бебето во стомачето и е пријатен за носење во текот на целата бременост.
Но секоја трудница е уникатна и за тоа постојат посебни трикови како да се носи ова парче облека.
Прво изберете го својот омилен дезен – цветови, крупни шари и сл., најважно вие да се чувствувате во него магучно. Друго имајте во предвид дека ова не е класичен труднички фустан, па ќе можете да го носите и по породувањето.
Добар трик е да додадете ремен од платно токму над стомакот. Тоа ќе ви ја обележи линијата на струкот и ќе го истакне убавото трудничко стомаче. Ако сакате поопуштен изглед можете да го ставите ременот под стомакот.
И не заборавајте да го збогатите својот изглед со модни додатоци – некое романтично цветно венче за коса, ѓердан, обетки, бразлетна или прстени. Облечете јакна! Изберете соодветен дезен со кој ќе го надополните вашиот моден изглед, а јакната ќе ве стопли ако сте излезени навечер и ви застуди.
Соодветните чевли се задолжителни, а при изборот најважно е да ви се удобни.