Макало од брокули
Состојки:
– 1 главица брокула, 1 зелено луто пиперче (или обично), 2 лажици сечкан млад кромид, 1 лажица маслиново масло, 50- 60 г немасно крем сирење, ¼ лажичка чили во прав, 1 лажичка коријандер сечкан, ¼ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер
Приготвување:
Ставете ја исчистената брокула да се вари во сад со посолена вода додека омекне, т.е да не остане крцкава, како што вообичаено се предлага во други рецепти. Извадете ја од садот во цедалка и оставете ја малку да излезе вишкот течност. Потоа префрлете ја во блендер, додајте ги остантите состојки и блендирајте додека добиете воедначена смеса. На крај додајте го маслиновото масло за поубава текстура на макалото.
Одлично оди како мезе со начо чипс или пак други солени домашни грицки.