Лосос со јаворов сируп и бадеми
Состојки: 4 парчиња филе од лосос, ¼ чаша кафеав шеќер, ¼ чаша јаворов сируп, 2 лажици соја сос, ½ лажичка сечкана црвена пиперка, ¼ лажичка црн пипер, ¼ чаша сечкани бадеми, ¼ чаша сечкан млад кромид за гарнирање (по избор)
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги парчињата филе лосос во тава обложена со хартија за печење. Во еден помал сад измешајте ги шеќерот, сирупот, соја сосот, црвената пиперка и црниот пипер. Со пола од смесата прелејте ги парчињата лосос, а остатокот зачувајте го. Печете 15- 20 минути, додека омекнат парчињата риба (пробајте со вилушка). Готовите филети послужете ги во чинија прелеани со остатокот од сосот, посипете со сечкани бадеми и младо кромитче (ако користите).