Леден десерт од јагоди
Состојки
– 250 мл кисело млеко (или густ јогурт), 450 г замрзнати јагоди, 2 лажици мед или јаворов сируп
Приготвување
Ставете ги во блендер киселото млеко, медот и јагодите (баш по тој редослед): вклучете го блендерот на најголема брзина и користете лажица повремено да ги турнете јагодите кон сечилата (исклучувајте го блендерот за да го направите ова). За 30 секунди ќе имате леден десерт. Не блендирајте предолго бидејќи киселото млеко ќе стане премногу течно.
Ставете го во соодветен сад и оставете го во фрижидер да се стегне. Можете да користите и други овошја, како и соодветна вегетаријанска замена за јогурт (кисело млеко)