Колаче во чаша
Состојки: ¼ чаша шеќер, ¼ чаша брашно, 2 лажици какао, прстофат сол, 2 лажици маслиново масло, 3 лажици вода, сладолед (по желба)
Приготвување:
Во порцеланска чаша ставете ги прво сите суви состојки и промешајте. Додајте ги водата и маслото. Мешајте додека добиете хомогена смеса. Ставете ја чашката во микропечка и гответе една минута и 40 секунди. Извадете го садот (внимавајте жешко е). Додајте топка сладолед и уживајте во брзиот десерт.