Кој е наповолен датум за венчавка оваа година
Ако се прашувате на кој датум треба да се венчате, астрологијата е тука да ви помогне. Минатата година најпосакуваниот датум за свадби беше 09.09.2019, а сега астрологотот Каролин Фолкнер го открива најсоодветниот ден за брак во новава година, според ѕвездите.
Ако кажете „Да“ на 20.02.2020, ќе имате долготраен и среќен семеен живот. „Оваа комбинација не е забележана уште од 1960-тите. Тоа беше ера на љубов, еднаквост и слобода на љубовта “, категорична е Фолкнер.
– Во 2020 година ќе го набудуваме рестартирањето на ерата на Водолијата и тоа ќе придонесе за поголема свесност, толеранција, сочувство и еднаквост – додава таа.
Според Каролин Фолкнер, основачката на „Динамичка астрологија“ и автор на „Твоите sвезди“, 2020 година „ќе биде особено среќна година за влегување во трајни партнерства“. Февруари ќе биде најдобриот астролошки месец, а 02.20.2020 година ќе биде најдобриот датум за брак.
Овој датум крие многу симболи:
– Бројот 20 го претставува ангелот. Ова е бројот на љубовта. Тоа е поврзано со нови почетоци и 2 ќе биде клучен во изборот на датум за брак – советува астрологот.
– Во нумерологијата, бројот 2 означува стабилна и моќна женственост, но сепак има и неверојатна решителност и сила. Во астрологијата, бројот 2 ја означува Куќата Бик, а Венера како знак управува со него. Венера е божица на љубовта и убавината, симболизирајќи трпеливост, упорност, посветеност и лојалност – објаснува Керолин.
Затоа, не одложувајте и изберете го овој датум за свадба.