Гламурозна во зелено
Иако трудна војвотката од Кембриџ има утрински мачнини и медиумите не ја оставаат на мир откако одекна среќната вест, убавата принцеза се појави на доделувањето на наградите во Лондон, во совршено издание. Блескаше во темнозелен фустан, долг до подот, со долги ракави и интересно деколте.
Станува збор за креација од Александер Меквин во која и нејзината сè уште витка фигура дојде до целосен израз. Секако Кејт пред настанот била на фризер, па може да се забележи дека нејзините прекрасни кадрици имаат нов, изразен црвен сјај.
Ова е прво службено појавување на 30годишната Кејт, откако откри дека е трудна. Поминаа четири службени настани кои мораше да ги одложи поради мачнините.